Преку поголема децентрализацијата до федерална Македонија

Ги подготвува ли СДСМ општините за федерализација на Македонија? Најавите за опозициската партија за зголемување на ингеренциите на локaлната власт е чекор кон кантонизација сметаат аналитичарите.Заев во Берн пред албанската дијаспора беше дециден  дека првата што ќе ја направи како премиер е децентализација.

„Првиот чекор што мораме да го направиме е да направиме уште поголема децентрализација, да ги создадеме регионите. Треба да бидеме растеретени дали има некоја делба по некој процент или математики. Гледам овде едно село е кантон и тоа село си одлучува овде за самото село“, рече Заев во Швајцарија.

Програмата на Заев во делот каде се наведува дека децентрализацијата ќе биде приоритет предвидува надлежностите на МВР и полицијата да им бидат пренесени на локалните управи – како водењето матична евиденција, регулација на јавен ред и мир, сообраќај, издавање лични карти и возачки дозволи…

„Тоа што Зоран Заев го најави пред албанската дијаспора во Швајцарија, СДСМ го вметна во нивниот памфлет кој го нарекуваат програма. Ветувањето за излегувањето од рамките на Охридскиот договор, отворањето на прашањето за воведување на двојазичност и кантонизацијата по урнекот на Швајцарија се потврда за најавите на Заев дека сака да го менува Уставот на Република Македонија и да го отпочне патот кон федерализација на државата.“, рече вељановски предупредувајќи на опасноста од ваквата децентрализација на македонската држава.

Од партијата велат ако она што СДСМ го предвидува во програмата се оствари за неколку години дел од општините односно новоформираните кантони ќе може се отцепат од македонија и припојат кон некој од соседните држави.

Поддршка за ваквите проекти СДСМ доби од претседателот на албанската емиграција кој вели дека Заев е спасител на Албанците и смета дека Македонија би можела да се федерализира по пример на Белгија или Швајцарија.

„Јас ја гледам Македонија, за подобро и за тебе и за мене да го има тој белгиски модел за федерализација. Германија е федерална држава, Швајцарија е кантонизирана, во Ирска има регионализација. Сега мислам дека тука е подобро да се федерализира за сите да влеземе со некои вредности, а не некои елити да седнат таму горе и да манипулираат со граѓаните за ние да се испотепаме. Тоа не е фер“, вели Љамалари.

Дел од експертите сметаат дека плановите и барањата за федерална Македонија се дел од проектот за „Голема Албанија“. Ова прашање повторно стана сериозна тема откако пред неколку дена во Тирана беше формирана Унија на албански општини во која покрај Тирана, Приштина, Улцин, Прешево членува и општина Тетово.

„Во неговниот ’План за живот’ односно ’неговата’ идеја за политипни општини но и децентрализирање на надлежностите на полицијата во овие општини што значи чекор напред ов делот на создавање, редефинирање на македонската држава, создавање на вид кантони би рекла процес на кантонизација на државата што значи следење на оваа идеја за ’Голема Албанија’ отстрана на македонските политичари“, вели професорката на Правниот факултет, Тања Каракамишева Јовановска.

Дека идејата за „Голема Албанија“ не е мртва говори и фактот што при посетата на американскиот претседател Барак Обама во Атина грчката полиција во автомобил на албанската амбасада во Грција пронашла пропаганден материјал и 1,500 ученибници во карти на „Голема Албанија“. Учебниците се издадени во Тирана на мапите во нив во делот за Македонија е наведено „албански територии во поранешната југословенска Република Македонија“. Според картите во учебниците „Голема Албанија“ би зафатила половина од територијата на Македонија вклучувајќи и Скопје.

Инаку, инцидентот во Грција следи по сериозно заоструваше на грчко-албански односи предизвикани од отвореното барање на албанскиот премиер Еди Рама за признавање на правата и имотните побаравувања на Чамите односно на Албанците протерани од Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.