Преку проект обучени над 300 службеници

службеници

Преку проектот беа реализирани специјализирани обуки за повеќе од 300 државни службеници во над 30 институции, кои се членови на работните групи за спроведување на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

Обуките беа спроведени во Скопје и Брисел со предавачи од универзитетите од Европа и од Норвешка, како и со поранешни и сегашни функционери во европските институции.

На завршниот настан предвидено е на 180 лица кои имале најдобри резултати на спроведените тестови да им бидат врачени сертификати за успешно завршена обука.