Преку проектот за млад земјоделец доделени 1.340.000 евра директна помош

Се дадоа нови можности стимулирање и подршка на младите земјоделци. Владата преку реализација на овој проект само оваа година ќе исплати 1.340.000 евра, односно по 10 илјади евра за секој млад земјоделец кој ги исполнува условите, истакна премиерот Никола Груевски на денешната Годишна конференција на Унијата на млади сили на МВРО-ДПМНЕ.

-Имено договорите за оваа година се склучени. Сега останува на земјоделците да ги реализираат планираните инвестиции според планот и да достават документи до платежната агенција за да им се повратат во целост инвестираните средства до 10 илјади евра. Ова е одлична можност за луѓето кои сакаат да започнат со производство и добра можност за отпочнување на сопствен земјоделски бизнис, истакна Груевски.

Најави дека оваа мерка ќе продолжи и следната година и упати апел што повеќе млади луѓе кои сакаат да ја искористат мерката да се информираат и да се вклучат.