Прелеаната Брегалница и вечерва ќе ги остави без сон жителите на штипско Ново Село

Со застрашувачкиот и силен звук на надојдените води на Брегалница, жителите на штипското најстаро градско јадро Ново Село ке ја поминат ноќта. Прелеаната река и вечерва ке ги остави без сон. Опасноста од поплавување на нивните домови е поголема од се, пишува Канал5.

“Како не е опасно. Колку што паметам, ваква голема Брегалница  немало досега, но и ваков страв кај мене и кај моите соседи, чии куки ни се на стотина метри од речното корито, со надојдените води се Брегалница е на само десетина метри до нас”, исплашено искоментира еден од жителите на Ново Село.

“Опасно е и тука нема дилема. Не се знае што ке се случи оваа нок. Со природата нема шега. Сепак, потајно во себе се надевам дека само на ова ке се зварши. Излеаните речени води ке дојдат на метар два од коритото и толку, но не сум во потполност сигурен”, дополни неговиот сосед.

Паркингот лоциран до коритото, токму на местото каде се прелеваат водите на Брегалница е забранет за моторни возила. Црвената лента е поставена и на влезот од новоселскиот мост, каде водите на Брегалница, доколку интензитетот на дотокот подолжи со вакво забрзано темпо, би го прелеале значи забрана за движење на моторни возила.  Превентивата се однесува и за евентуално нарушување на неговата статика.

“И оваа нок ке останеме будни и од минута во минута да ја следиме состојбата со нивото на Брегалница. Тука сме со севкупната расположлива механизација и пумпи за вода, но и 23 пожарникари кои од синока ни се дојдени од Скопје на помош”, информира Тони Георгиевски – началник на Општински кризен штаб.

Вечерва ретки се оние, чија љубопитност ги измами да се најдат до коритото на здивените речни води, гледајки до каде дошла Брегалница, со надеж дека најлошото сепак нема да се случи. Затоа и улицата, каде се наогаат куките, први на удар на излеаната Брегалница е забранета за сообракаj.