Прелиминарен извештај за падот на египетскиот авион за еден месец

Тој, како што пишува весникот „Ал Ахрам“, истакна дека тој извештај ќе ги содржи сите информации, кои ќе бидат собрани до моментот на неговото објавување.

Авионот ербас А320 на египетската компанија ноќта меѓу средата и четвртокот се урна во Средоземното Море, северно од Александрија.

Утврдено е дека авионот емитувал пораки, кои укажуваат дека во леталото имало чад непосредно пред прекинот на преносот на податоци.

Пронајдени се делови од леталото, личен багаж на патниците и остатоци од човечки тела во Медитеранот околу 290 километри северно од Александрија, но не и црната кутија.

Авиони и бродови од Египет и уште пет земји продолжуваат да го пребаруваат поширокото подрачје на Средоземното Море.