ФОТО: Премиерот Груевски чека да даде изјава пред Анкетната комисија

Премиерот Груевски очекува да биде повикан и да даде изјава пред Анкетната комисија. Почетокот на Седницата беше закажан за 12 часот, а премиерот Никола Груевски е во македонското Собрание.

gruevski-anketna-2

Тој денеска ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето каде е повикан како сведок.

Груевски е повикан да даде исказ по предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а како што и самиот потврди, во известувањето упатено минатата недела до претседателот на комисијата Петре Шилегов, денеска е подготвен да даде изјава.

gruevski-anketna

Според деловникот, сведокот може да побара затворена седница, доколку има да изнесе класифицирани информации. Затворање може да побара и член на комисијата со образложение, но за тој предлог се гласа и е потребно мнозинство гласови.

gruevski-anketna-3

Секој член на комисијата може да постави 3 прашања од по 5 минути, а исто толку има и сведокот за одговор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.