ВИДЕО: Премиерот одговори на молбите – Десетчленото семејство доби стан

Премиерот одговори на молбите, десетчленото семејство од Охрид доби стан. Во рамки на посетата на премиерот Никола Груевски на Охрид, Илбер Демо од него побара решавање на станбениот проблем.

Тој заедно со неговата сопруга и нивните осум малолетни деца, 15 години живееле во дрвена барака, без вода и без струја. Во дотраената барака на улицата „Железничка“ семејството го демнеше опасноста од уривање.

По налог на премиерот, нивното станбено прашање експресно е решено. Од денес десетчленото семејство почнува нов живот во 45 квадратен стан во Охрид, објави Република.

Според податоците на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор уште шест охридски семејства, кои живеат во субстандардни услови чекаат вдомување, а нивниот проблем ќе биде решен до Нова година.