сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Премиера на „Бен Хур“, ФХ3Х дел од ефектите

Премиерата на новиот „Бен Хур“ е закажана за вечер во 20 часот во киното Синеплекс во Скопје.

ben hur

Последни вести

Историскиот епски спектакл „Бен Хур“ на чии визуелни ефекти работеше македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со компанијата Мистер Х од Канада, од вечер ќе почне да се прикажува во Скопје.

Кристијан Даниловски, еден од основачите на ФХ3Х нагласи дека на овој проект работеле од октомври 2015 до мај 2016 година со тим од 84 артисти.

Најспектакуларната сцена во филмот за која се зборува е сцената на трката со коњските кочии. Според Даниловски, тоа е и најатрактивната сцена заради визуелните ефекти употребени во неа и заради начинот на кој е снимена.

– За да им понуди поинтензивно доживување на гледачите, режисерот Бекмабетов користи Го-Про камери, дронови и други алатки за снимање кои му овозможуваат да и прикаже на публиката нови перспективи. Се е реално до момент кога заради заштита на безбедноста луѓето и животните не се користат компјутерски генерирани замени (ова повеќе важи за коњите во трката), но начинот на кој камерата не внесува во трката и потоа интензивирањето на доживувањето со визуелните ефекти, го прави филмот вистински спектакл, вели Даниловски.

Бен Хур е американска акциона драма, во режија на Тимур Бекмабетов според сценарио на Кит Кларк и Џон Ридли. Ова е петта адаптација на новелата од 1880 „Бен Хур: Приказна за Исус“ од Лев Валас.

Улогите ги толкуваат Џек Хјустон, Морган Фримен, Тоби Кебел, Назанин Бониади, Халук Билџинер и Родриго Санторо.

Филмот е епска приказна за Јуда Бен-Хур (Џек Хјустон), лажно обвинет принц за предавство од страна на неговиот посвоен брат, офицер во Римската војска. По години поминати во ропство, Бен Хур се враќа во татковината заради одмазда, но на патот да се одмазди, наоѓа спасување.

Првата екранизација на Бен Хур од времето на звучниот филм се случи 1959 година во режија на Вилијам Вајлер со Чарлтон Хестон во насловната ролја. За снимањето на филмот тогаш биле потрошени рекордни 15,175 милиони долари, а филмот освои и 11 оскари – меѓу кои и за најдобар филм, најдобра режија и најдобра главна машка улога. Бен Хур на Вајлер го заработи и епитетот на еден од најдобрите американски епски филмови на сите времиња.

Премиерата на новиот „Бен Хур“ е закажана за вечер во 20 часот во киното Синеплекс во Скопје.

Најчитани вести