Премиера на филмот „Лазар“ во кино Милениум

Премиера на филмот „Лазар“ во кино Милениум
Премиера на филмот „Лазар“ во кино Милениум

На 19. Скопје филм фестивал вечер во кино „Милениум“ ќе биде прикажан играниот филм „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски – премиерно во Скопје по неговата светска премиера во септември на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Филмот раскажува за илегален транспорт на мигранти и бегалци. Премиерното прикажување беше во екот на мигранстаката криза кога илјадници мигранти дневно ја минуваа грчко-македонската граница. Но тоа, рече режисерот денеска на прес-конференција, не е нова појава и е тренд и последица на хуманитарните катастрофи што се случуваат низ светот.

– Роден сум во Велес и бев сведок на последиците на општествениот колапс што се случи со транзицијата. Цела моја генерација остана без перспектива, многумина влегоа во криминални структури и се изнаслушав многу такви приказни. Лазар е слика на она што се случува во Македонија, тоа е една емотивна слика на будењето на емпатијата, на создавањето на совеста, на будењето на хуманизмот. Филмот го поставува прашањето за тоа каде е границата меѓу емпатијата и себичносноста, себичноста која е тренд на денешното време на глобализација, рече Ристовски.

„Лазар“ следува по 11 години пауза од неговиот претходен филм „Илузија“. Ристовски, кој е и косценарист на новиот филм, рече дека подолга пауза е и корисна за авторски да созреее, но дека процесот траел 7-8 години и поради собирање на потребните финансии што, како што рече, не е воопшто лесно.

Насловниот лик го игра хрватскиот актер Ведран Живолиќ кој истакна дека овој филм за него е животно искуство за кое му е благодарен на Ристовски. – Ова беше за мене едно големо искуство, голема школа и не го кажувам ова куртуазно, туку навистина така мислам, имаме одличен филм, одлично сценарио и екипа, рече Живолиќ.

ЛАЗАР ФИЛМ

Директорот на фотографија Дејан Димевски кој првпат соработува со Ристовски на игран филм.

 Филмот е многу храбро направен, има масовна сцена со околу три илјади учесници, која е снимена за осум часа, потоа има малку светло заради автентичноста на просторот и времето на дејството, рече Димевски кој со Ристовски се познава од студентските денови и претходно соработувале во снимање реклами и спотови.

Снимен е со буџет од 1.079.000 евра но, според режисерот, филмот изгледа доста поскапо бидејќи има кадри со касакадери, затворени сообраќајници, масовни сцени. Благодарен е од услужливоста во сите општини во земјава каде што е сниман филмот (Штип, Скопје и Демир Капија) и има впечаток дека секаде во Македонија се поддржува снимањето македонски филмови. Филмот е копродукција на Македонија, Бугарија и Франција, со поддршка на Еуримаж. Снимањето траело шест недели, а освен во Македонија, снимано е и во Софија. Монтажата ја направи Атанас Георгиев.

„Лазар“ досега учествуваваше и на неколку меѓународни филмски фестивали. Македонската публика ќе има можност да го гледа од 5 мај кога се планира редовно прикажување во кината „Синеплекс“ и „Милениум“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.