Магазин

Премиера на новиот филм на Ди Каприо во јануари 2016

Премиера на новиот филм на Ди Каприо во јануари 2016
Премиера на новиот филм на Ди Каприо во јануари 2016

Актерот Леонардо ди Каприо најверојатно повторно ќе биде во конкуренција за освојување Оскар во 2016 година, бидејќи неговиот нов филм „The Revenant“ ќе се појави во кината во јануари следната година.

Режисерот на филмот Алехандро Гонсалес Ињарту со претходниот филм „Човек птица“ освои четири Оскари, а Ди Каприо за најдобар актер беше номиниран трипати и тоа за „Авијатичар“ во 2004 година, за „Крвави дијаманти“ во 2006 и за „Волкот од Волстрит“ во 2014 година.

Филмот „The Revenant“ е инспириран од вистински настан и е епска приказна за човековиот инстикт за преживување. Приказната е по романот на Мајкл Пунке за Хју Глас, кој го толкува Ди Каприо, човек нападнат од мечка во дивина и оставен на милост и немилост на природата.