Премиера на новиот македонски игран филм „Џган“

Во кино „Милениум“ вечер премирано ќе биде прикажан новиот македонски игран филм „Џган“ во режија на Вардан Тозија кому ова му е прво долгометражно остварување.

Филмот ја раскажува приказната на дете од дом за деца без родители кое низ свирепи околности, се претвора од тивко, повлечено момче, во суров, бескомромисен водач на група отфрлени штитеници.

Главните улоги им се доверени на Мартин Ѓорѓоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.  Мартин Ѓорѓоски е натуршчик и воедно дебитира во филмот на Тозија.

Продукцијата е на „Дрим Фектори“, а ко-продуцент е „Red helicopter films“ од Албанија. Директор на фотографија е Влатко Самоиловски, додека музиката ја потпишува Александар Пејоски.

„Џган“ го подржаа и Агенцијата за филм и „SEE Cinema network“.