Премиера на операта „Така прават сите“

Oперската претстава „Така прават сите“ од Волфганг Амадеус Моцарт премиерно ќе биде изведена во сабота, 4 октомври, во 20 часот, во Македонската опера и балет на матичната сцена.

Претставата е изведена и во рамките на „Интерфест“ во Битола, а ќе биде изведена и од 06 до 10. во Куманово и од 07 до 10. во Тетово.

Во главните улоги во сабота ќе настапат: Благица Поп Томова, Николина Јаневска, Катерина Стојановска, Кристијан Антовски, Дејан Стоев и Владимир  Саздовски. Сценограф е Зоран Николовски, изборот на костими е на Марта Трендафилова. Режијата е на Цветан Стојановски, а диригент е Саша Николовски-Ѓумар.