Премиера на Power Rangers, FX3X работеа на ефектите

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти FX3X беше дел од визуелните ефекти на филмот Power Rangers, кој од вечер ќе почне да се прикажува во Скопје.

Kристијан Даниловски, ко-основач и ко-сопственик на FX3X, изјави дека на проектот работеле од ноември до крајот на јануари оваа година, со тим од 50 артисти.

– Франшизата за филмот постои скоро четвртина век. „Power Rangers“ по првпат се појавија како Mighty Morphin Power Rangers на 28 август 1993 година, и тоа што сеуште постојат како франшиза скоро четвртина век подоцна, доволно зборува за нивната популарност, Се надеваме дека фановите на оваа франшиза ќе уживаат, изјави Даниловски.

Power Rangers, како телевизиска серија потекнува од јапонската tokusatsu Super Sentai, а како Power Rangers, првпат се појавуваат во програмскиот блок на Fox Kids како Mighty Power Rangers во далечната 1983 година. Се работи за група на супер тинејџери, кои додека се справуваат со пубертетот, ги користат своите уникатни супер моќи да го спасат светот.

Прикажувањето на филмот Power Ranger почнува од вечер во 20 часот во киното Cineplexx во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.