Премиера на претставата „Црвената соба“ во МОБ

По повод Светскиот ден на Танцот 29 Април Македонската опера и балет вечер ќа ја изведе премиерата на балетска претстава „Црвената соба“.

„Црвената соба“, е модерен балет работен според Шубертовиот квартет бр. 14, по либрето на Сашо Димоски, во кореографија на Игор Киров. Киров на македонската публика и е познат по успехот што го постигна со поставувањето на веќе популарната „14 Часа“.

Асистент на кореографот е гостинката од Словенија, Мојца Мајцен. Сценограф е Марија Ветероска, костимограф Александар Ношпал, a светло мајстор, Милчо Александров.

Настапуваат првенците и солистите на балетот на МОБ: Александра Мијалкова, Васил Чичиашвили,  Мими Поп Алексова Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Ангела Велевска, Илијана Данилов и Диљана Јанева.