Премиерите од Балканот на разговори во Брисел за подобрување на инфраструктурата

Премиери на шест земји од западен Балкан во текот на денов во Брисел ќе остварат средба со комесари на Европската унија за инвестиции. На средбата тема на разговор ќе биде подобрување на инфраструктурата во овие земји.
Состанокот ќе го водат комесарот за разговори за проширување Јоханес Хан и комесарот за транспорт Виолета Булц.

На претходниот состанок на шесте земји одржан неодамна во Приштина еврокомесарот Хан соопшти дека Европската комисија е подготвена да обезбеди милијарда евра за финансирање на сообраќајната инфраструктура во Западен Балкан. На денешниот состанок се очекува да бидат разгледани конкретните начини за да се оствари тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.