Премиерите Заев и Борисов положија свежо цвеќе пред споменикот на поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски (ВИДЕО)

Пред почетокот на задничката седница на владите на Република Македонија и Република Бугарија во четвтокот во Струмица, откако бугарската делегација беше пречекана кај манастирот во селото Водоча, македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов положија букети пред споменикот на трагично починатиот македонски претседател Борис Трајковски, откако

Се очекува на седницата којашто ќе се одржи во Струмица, и со која треба да заседаваат двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, да бидат потпишани договори и меморандуми и да одржат заедничка прес-конференција, соопшти владината прес-служба,. Засега не се соопштуваат датали за составот на тимовите кои ќе ги предводат премиерите на двете земји.

Се очекува во фокусот на разговорите да биде напредокот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија, како и други теми од заеднички интерес со цел зајакнување на дијалогот и партнерството меѓу двете земји.

Ова е прва меѓувладина седница што ја одржува Владата на премиерот Заев со Влада на држава од соседството. Во декември во Подградец е договорена и заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија.

За време на официјалната посета на Белград на премиерот Заев вчера договорена е и заедничка седница на македонската Влада со Владата на Република Србија. Како термин за седницата се наведува крајот на февруари или почетокот на март, месец, идната година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.