Премиерна изведба на композицијата „Intervowen“ од Дарија Андовска во Кина

Во рамките на Форумот за соработка СЕЕС 16+1 (Central-Eastern Europe & China) на 23-ти септември 2017 премиерно ќе биде изведено делото „Intervowen“ од композиторката Дарија Андовска, напишано за традиционален кинески симфониски оркестар.

За потенцијална изведба на форумот биле нарачани 16 композиции од композиторите-претставници на 16 земји од централна и источна Европа, од кои се селектирани само две за изведба, меѓу кои и „Intervowen“.

Премиерната изведба ќе се одржи во Жежианг, каде се оддржува форумот, на која ќе присуствуваат високи делегации од шеснаесетте земји вклучени во СЕЕС 16+1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.