Премиерот Димитриев на увид во Стајковци и во Инџиково

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев и денеска ќе излезе на терен во поплавените подрачја.

Тој со почеток во 12:00 часот, ќе изврши увид во активностите за санација во населеното место Стајковци (пред училиштето „Свети Кирил и Методиј“).

Потоа, Претседателот на Владата на Република Македонија ќе изврши увид и во активностите за санација во населеното место Инџиково.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.