Премиерот го доставил предлогот за состав на Владата до Собранието

Mандатарот за составот на Владата на Република Македонија,Никола Груевски до Собранието на Република Македонија го достави Предлогот за состав на Влада на Република Македонија и Програмата на Владата на Република Македонија 2014-2018,известија од Собраниети на РМ

Согласно деловничките можности седницата на Собранието на која точка на Дневниот ред ќе биде Избор на Владата на Република Македонија ќе се одржи на 19 јуни 2014 година.

„Констатирајќи го споменатото, а потврдувајќи ја определбата за доследно почитување на Уставот и на законите, и во оваа прилика, како и во претходните наврати, сосема искрено ги повикувам колегите пратеници од опозицијата да ги земат во предвид интересите на Република Македонија и да дојдат во Собранието.Сигурната европска и евро-атлантска иднина на Македонија е наша заедничка цел, обврска и предизвик, а токму Парламентот е местото каде тоа можеме со здружени сили најдобро да го направиме.Јасно изразената волја на граѓаните на последните избори, освен што го одреди победникот, истата беше одраз на силната демократска свест на сите наши граѓани, партиите, независно од бројот на освоените мандати, да делуваат единствено во демократските институции, чиј врв е Собранието на државата,“ се вели во апелот на Собранието до опозицијата.

Зоран Јолевски е министер за одбрана, Зоран Ставрески останува вицепремиер и министер за финансии, а Никола Попоски и натаму ќе биде на чело на министерството за надворешни работи.

Телевизија Алфа ексклузивно го објави новиот состав на македонската Влада.

Никола Тодоров останува министер за здравство, Диме Спасов и натаму ќе биде министер за труд и социјална политика, а со МЗШВ ќе раководи Михаил Цветков.

Министер за информатичко општество и администрација останува Иво Ивановски.На своите досегашни функции остануваат и Елизабета Канческа Милевска, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Владимир Пешевски.

Министри без ресор во македонската Влада ќе бидат Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумов, Висар Фида, Неждет Мустафа, Фурхан Чако.

Аднан Јашари ќе биде министер за правда, Беким Незири министер за економија, Абдулаким Адеми ќе биде министер за образование, Нурхан Незири за екологија, а Лирим Шабани за локална самоуправа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.