Груевски денеска во посета на Прилеп

Премиерот Никола Груевски денеска ќе оствари посета на општина Прилеп.

Таму ќе присуствува на неколку настани, а во теков на денот има богата агенда.

– во 10:30 часот, ќе присуствува на пуштање во употреба на објект со 76 станови за лица со социјален ризик и други ранливи групи и ќе оствари средба со жителите на населба Точила;

– во 11:15 часот, ќе оствари посета на Стадионот на кој е поставена вештачка трева во Типската населба;

– во 11:40 часот, ќе присуствува на отворање на нова спортска сала во СОУ „Кузман Јосифовски Питу“;

– во 12:05 часот, ќе присуствува на пуштање во употреба на новото монтажно училиште ОУ „Круме Волнароски“ и ќе оствари средба со жителите на село Беровци;

– во 12:40 часот, ќе присуствува на засадување на дрво како дел од проектот Ден на дрвото, во технолошко – индустриската развојна зона Прилеп;

– во 13:00 часот, ќе присуствува на одбележување на градбата на фабриката на компанијата Гентерм во ТИРЗ Прилеп и

– во 14:15 часот, ќе оствари посета на реконструираниот источен конак на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.