Премиерот Груевски ги демантираше обвинувањата за купување плац на Водно

Премиерот на Република Македонија испрати демант по прес-конференцијата на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Ова е интегралниот текст:

Најостро ги демантирам, како целосно невистинити, наводите изјавени од Зоран Заев за тоа дека наводно сум купувал градежни плацеви и дека наводно сум сопственик на било каков плац, или пак на било каков начин поседувам имот надвор од оној кој е пријавен во мојот анкетен лист, кој е јавно објавен.

Овие наводи се целосно измислени и невистинити. Тоа се лаги и конструкции чија цел е јасна, а тоа е моја компромитација, како дел од сценариото кое овој човек го одработува.

Очигледно откако сфаќаат дека ефектот од ова што го прави Зоран Заев е далеку од она што го очекуваа, тој се повеќе се заглавува во нови и нови конструкции и на тој начин сака да го дефукисира вниманието од неговата лична одговорност базирана на злоупотреби и тешки кривични дела.