Премиерот Груевски на работен состанок со македонските дипломати

Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Согласно агендата, како што информираат од МНР, најпрво, Министерот за надворешни работи, Никола Попоски ќе оствари работна средба со нашите први луѓе во странство при што ќе бидат отворени теми поврзани со надворешно политичките активности.

Во рамки на овој важен дипломатски состанок, постојаните претставници ќе остварат посебни средби со Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, Претседателот на Владата, Никола Груевски и Министерот за здравство, Никола Тодоров. Предвидена и сесија за економската дипломатија со фокус на економската промоција во присуство на заменик Претседателот на Владата , Пешевски, Министрите Наумоф, Павлевски и Самак како и директорот за странски инвестиции, Висар  Фида.