Премиерот Груевски се обрати на престижниот Самит во Индија

Премиерот Никола Груевски денеска се обрати на отворањето на глобалниот престижен самит “Вибрант Гуџерат” кој од 11 до 13 јануари се одржува во градот Ахмадабад, Индија.

Станува збор за реномиран и угледен самит чија цел е зајакнување на економските врски, продлабочување на економската и политичка соработка и унапредување на индустријата и трговската размена меѓу државите.

Самитот го отвори премиерот на Индија, Нарендра Моди, а меѓу учесниците на овој самит беа и генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, државниот секретар на САД, Џон Кери, претседателот на Светската Банка, Џим Јон Ким, претставници на глобални корпорации, извршни директори на компании и извршните директори на најголемите компании во Индија.

Груевски во своето обраќање пред присутните подвлече дека присуството на светски политички и економски лидери, како и учеството на мноштвото на академици и експерти, го прави овој самит одличен форум за дебата, за споделување на знаењето и искуствата и зајакнување на меѓусебните врски.

Тој посочи дека Индија како 10- та најголема држава во светот по растот на номиналниот бруто домашен производ и глобално како една од најбрзо растечките економии, допринесе значително за растот на светската економија во период на тешки времиња во 2007 и во 2008 година, кога имаше силни последици во Светската економска криза.

Премиерот Груевски во своето обраќање се задржа и на искуството на Република Македонија и главниот фокус на државата во водењето на политиките.

„Нашиот глобален свет можностите не доаѓаат сами од себе. Tие требаат да се креираат.  Затоа потребно е да се биде инoвативен и да се продолжи со унапредување на перформансите и можностите. Тоа беше и движечката сила на сите клучни политики кои се спроведоа во последните неколку години во Македонија. Со особен фокус на овозможување на добра бизнис клима, инвестирање во инфраструктурата, поддршката и силни реформи во образованието, и администрацијата, и поддршка на иновациите, технолошкиот развој и владеењето на правото, изјави премиерот Груевски.

samit-1_thumb_medium500_265

Тој ги потенцираше и добрите резултати кои државата ги постигна на полето на економијата, а кои беа препознаени и од реномирани институции како Светската Банка која во извештајот Дуинг Бизнис Македонија ја рангираше како лидер во Југоисточна Европа и 30-та во светот од 189 економии. Според истиот извештај за започнување на бизнис Македонија е рангирана како 3-та во светот и прва во Европа. Од аспект на заштита на инвестициите Македонија е рангирана како 21- ва во светот и прва во регионот, истакна премиерот Груевски и додаде дека  Македонија е број еден во светот по најниските даноци, а сето ова веќе го препознаат голем број на компании кои се одлучија да инвестираат во државата.

На крајот премиерот Груевски ги покани присутните да ја посетат Република Македонија. “Големото чувство за гостопримство и срдечниот менталитет се уште една точка која ја споделуваме со нашите индиски пријатели, исто како што ја споделуваме една од најхумани личности кои ја одбележаа нашата ера: Мајка Тереза родена во Македонија, во Скопје и почитувана во Индија и во светот”, изјави Груевски.

Индискиот премиер во своето воведно протоколарно обраќање во името на народот на Индија и во негово лично име посака добредојде на учесниците на самитот.

” Почитуван премиер на Македонија, почитуван државен секретар на САД, Генерален секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, преставници на делегации, во јануари 2013 додека се затвораше шестиот самит имав проширена покана за денешниот настан. Среќен сум што сите од вас одговорија позитивно и дојдоа на овој самите и задоволство ми е што сте тука”, изјави премиерот на Индија. Тој истакна дека  сите присутни на самитот од генералниот секретар на ОН до претседателот на Светската Банка, од лидерите на делегациите од најсилните економии, до извршните директори на 500 те најголеми компании делат една цел целата земја и сите држави да станат подобро место за живот.

За прв пат држави партнери на овој настан кој се одржува во Индиската држава Гуџерат се осум други држави меѓу кој САД, Велика Британија, Јапонија, Холандија, Канада, Австралија, Сингапур.

Државниот секретар на САД, Џон Кери во своето обраќање пред присутните изјави дека ”судбината на ваквите партнерства се инзворедни, синџирот на снабдување на услуги и сервиси не се состои само во односите на една држава со друга, туку помеѓу повеќе различни држави. Ова е вистината и ова е она што е важно од еден ваков самит- можеме да направиме многу повеќе сите заедно, и мора да направиме и мора многу побрзо, и затоа сум тука, затоа што ве уверувам дека економските односи се посилни во секој поглед”.

Генералниот секретар на Обединети Нации, Бан Ки Мун изјави дека “ Индија е држава која е крстосница и порта кон Светот. „Денес со овој самит таа треба да биде и крстосница каде технологијата ќе придонесе за зачувување од климатските промени, одржување на обновливите извори на енергија и каде младите ќе се сретнат со работодавачите”, изјави Мун. Тој се задржа на глобалните предизвици повикувајќи државите да соработуваат меѓу себе во економијата, во културата но и борејки се против глобалните климатски промени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.