Премиерот Груевски во посета на Кичево и Пласница

Премиерот Никола Груевски денеска ќе оствари посета на Кичево и Пласница.

Тој ќе присуствува на пуштањето во употреба на повеќенаменско игралиште во основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кичево, ќе го посети Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски, каде ќе биде промовирана лабораторија за органска и неорганска хемија и биохемија, микробиолошка лабораторија, лабораторија за анализа на храна.

Премиерот исто така ќе присуствува на пуштање во употреба на спортска сала во Пласница.