Премиерот Груевски во работна посета на Струга

Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во работна посета на Струга.

За време на престојот, како што соопшти владината прес-служба, ќе ги посети новата спортска сала во општина Вевчани, каде се изведуваат градежни работи, реконструираните игралишта во селото Октиси и СОУ „Ибрахим Темо“ во Струга, како и децаата од рекреативниот центар за деца и младинци „Мајски цвет“ Струга.