Премиерот Грувески ужива најголема доверба меѓу граѓаните и повторно би бил избран за премиер

Актуелниот премиер Никола Груевски повторно би бил избран за премиер, покажа истражувањето на Институтот Павел Шатев. На прашањето, кого би избрале за иден премиер ако треба да се одлучи меѓу Никола Груевски и Зоран Заев, за Груевски би гласале 41,9 отсто, за Заев 22,3 отсто од испитаните граѓани, 35,8 отсто од граѓаните одговориле „не знам“.

Која партија би победила на следните избори, 33,7 отсто од испитаниците сметаат дека тоа би биле ВМРО ДПМНЕ, за СДСМ сметаат 14,5 отсто а „не знам“ одговориле 39,4 отсто.

Најголема доверба ужива премиерот Груевски 26,4 отсто, Заев 7,4 отсто, Шеќеринска 1,3 отсто, Црвенковски 1, 6 отсто и Жерновски о,3 отсто.

Доколку утре би се одржале парламентарни избори најголем процент би гласале за ВМРО-ДПМНЕ 25,8 отсто, за СДСМ би гласале 15,3 отсто а не знам/немам одговор дале 24,8 отсто.

Истражувањето на Институтот Павел Шатев беше спроведено во периодот помеѓу 16 и 19 Февруари 2014 година во телефонска анкета на 1450 испитаници.

„Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол, етничка припадност и возраст, но беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина,“ велат од Институтот.