Македонија

Премиерот и денеска со стандардно интензивно работно темпо

Премиерот и денеска со стандардно интензивно работно темпо

И на последниот ден од година кога вечерва се дочекува новата година, во попладневните часови премиерот Груевски во Владата имаше работен состанок со неколку министерства на кој се разгледуваат реализациите на тековни и идни проекти.

Според извор на порталот „Курир“, се разговарало за проекти со конкретна корист од повеќе сектори за бизнис заедницата, младите, пензионерите, инфраструктурата, земјоделците.

Се очекува состанокот да трае до вечерните часови.

Од Владата очекуваме добри вести во Новата година и проекти од интерес за граѓаните.