Македонија

Премиерот итно свика кризен штаб

Премиерот итно свика кризен штаб

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски вечерва итно свика кризен штаб за справување со невремето кое денеска ја зафати земјава.

Според информациите, во владата се министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерот за здравство Никола Тодоров, за одбрана Зоран Јолевски и се превземаат мерки за деблокада на патиштата, оспособување на енергетските системи и пробивање на екипи до завеаните места.

Здравствените центри и екипи се во состојба на зголемена готовност, а екипи на МЕПСО вложуваат големи напори да го санираат дефектот на енергетската мрежа кај Ресен. На самото место и на патот до дефектот според информациите има метар и половина снежни наноси.

Очекувањата се дека околу полноќ ќе биде отстранет дефектот кај Ресен и регионот ќе добие струја.