Премиерот на Ерменија поднесе оставка

Премиерот на Ерменија, Серж Саркисјан поднесе оставка на својата функција по 11 дневните протести против него, а првиот вицепремиер на ерменската Влада, Карен Карапетјан ќе ја извршува должноста премиер. Опозицијата го обвиниува за корупција и автократско владеење, а на протестите се приклучија и стоици војници.

Одлуката е соопштена попладнево, по вонредната седница на Кабинетот на министри, со која претседаваше Карапетјан, кој ја презема функцијата според Законот за структурата и овластувањата на Владата, според кој, доколку премиерот е отсутен или е спречен да ги извршува неговите обврски, неговите работни задачи ги извршува првиот потпретседател.

Саркисјан беше избран за премиер на 17 април во Парламентот по два последователни мандати како претседател, по што почнаа масовни протести против неговото назначување на оваа функција. Демонстрантите негодуваа поради спорна измена на уставен амандман кој во 2015 година извршната власт ја пренесува од рацете на претседателот во раце на премиерот.

Во неколкудневните масовни протести беа упасени повеќе од 230 демонстранти, меѓу кои беше и водачот на опозицијата Никол Пашинјан и уште двајца опозициски пратеници. Тој беше притворен кратко време по неуспешните разговори меѓу него и  Сарксијан.