Премиерот на Франција повика на будност по трите напади

Францускиот премиер Мануел Валс повика на будност и единство во земјата по трите напади во последните три дена, пренесе МИА повикувајќи се на француските медиуми.

– Ние не ги омаловажуваме нападите, подвлече Валс за радио Јуроп 1.

Тој ја уверува француската јавност дека меѓу нападите нема никаква поврзаност.

„Силите за безбедност си имаат работа со луѓе со две лица, кои можат да дејствуваат сами – нешто што ја усложнува работата на службите“, забележа Валс.

Франција од саботата до вчера беше арена на три напади – две намерни автомобилски прегазувања, во кои беа повредени 13, односно 10 лица, и напад во кој маж рани двајца полицајци пред да биде убиен.

Според властите, тројцата напаѓачи дејствувале сами и не се поврзани со терористички организации.