Премиерот на Хрватска избегнал хеликоптерска несреќа

Претседателот на хрватската влада, Зоран Милановиќ, избегнал хеликоптерска несреќа додека патувал од Загреб кон Осиек, јавува „Јутарњи лист“.

Според информациите на весникот, хеликоптерот влетал во воздушен вртлог поради што пилотот не можел да слета на предвиденото место.

Според портпаролот на Владата, Никола Јелиќ, полицискиот хеликоптер со премиерот патувал од Загреб кон Осиек, но кога се приближиле до Вировитица, биле забележани ниски облаци и неповолни временски услови, по што хеликоптерот се вратил во Загреб.

Потпретседателот на Владата, Бранко Грчиќ, пак, на свеченоста во Осиек рекол дека хеликоптерот на премиерот бил над Осиек, но дека не бил во можност да слета.