Премиерот на Кина во посета на Белград

Премиерот на Кина, Ли Кечијанг, ќе допатува денеска во Белград пред Самитот Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа што ќе се одржи во главниот град на Србија, објави МИА.

Посетата на Ли Кечијанг е прва посета на кинески премиер на Србија во изминатите 28 години.

Третиот Самит на Кина и 16 држави од ЦИЕ ќе се одржи на 16 и 17 декември под мотото – Нов мотор, нова сила, нова платформа, и на него ќе има 1.350 учесници. Посетата на кинескиот претседател на Владата и работата на самитот ќе ја следат 1.100 новинари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.