Премиерот на Нов Зеланд морал јавно да потврди дека „не е вонземјански рептил“

Премиерот на Нов Зеланд, Џон Кеј (53) бил принуден да изјави дека не е вонземјански рептил бидејќи тоа од него официјално го побарал жител на Окланд, пренесуваат денеска тамошните медиуми.

„Бев на лекар и ветеринар и двајцата ми рекоа дека не сум рептил“, вели Кеј кој мораше офиијално да одговори на необичното прашање на Шејн Варбрук.

Варбрук неодамна предал формално писмо до кабинетот на Кеј во кое бара докази „кои би ја демантирале теоријата според кој Џон Кеј всушност е вонземјански рептил кој користи човечки облик за да ги пороби луѓето, како што објаснува британскиот писател и говорник Дејвид Ајк.“

Ајк во 1990-тите години држел предавање за т.н. „рептил хумаондиди“ тајно го контролираат светот.

„Сигурно дека не сум рептил. Никогаш не сум бил на вселенски брод, никогаш не сум бил во вселената, а ни јазикот не ми е толку долг“, објаснил најсериозно премиерот Кеј.

„Јас сум само еден киви“, додај тој алудирајќи на вообичаениот термин „киви“ Новозеланѓаните се нарекуваат себе си по тамошните птици-тркачи.