Премиерот на Нов Зеланд не сака британски симболи на националното знаме

Џон Кеј, премиерот на Нов Зеланд денеска изјави дека по победата на својата партија на парламентарните избори, крајно време е да се промени навионалното знаме на Нов Зеланд и да се отстрани симболот на британската власт „Union Jack”.

Кеј изрази желба за тоа прашање да се распише референдум во 2015 година.

„Сакам да напредуваме и тоа да го направиме во 2015 година. Очигледно е дека сакам да направам големи промени“, изјави новозеландскиот премиер.

Кеј претходно изјави дека е за воведување на новозеландски наместо битански грб- сребрени папрати/

Националното знаме на Нов Зеланд е со сина боја која ги симболизира океанот и небото, на него има соцвездието на Јужниот крст, а во горниот лев агол е знамето на Велика Британија како симбол на нивна поврзаност.

Слични се знамињата и на уште неколку поранешни британски колонии, како на пример Австралија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.