Премиерот на промоција нови наслови од „Ѕвезди на светската книжевност“

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, ќе присуствува на промоција на нови книги од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Проектот предвидува објавување на 560 дела од светската книжевна ризница, а заедно со денешните нови 30 наслови ќе бидат промовирани вкупно 360 дела.

На промоцијата ќе се обрати и министертката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Настанот ќе се одржи во Порта Македонија, а почетокот е предвиден за 13:30 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.