Премиерот на Шведска ја претстави „феминистичката“ влада

Новиот премиер на Шведска, лидерот на социјалдемократите Стефан Лефвен, ја претстави денеска како што вели „феминистичката“ влада во која, за првпат во историјата на земјата, министри ќе бидат „Партијата на зелените“.

„Швеѓаните гласаа за промена во владата и нов политички правец. Во новата влада ќе бидат и Социјалдемократите и Зелените, кои се подготвени да ја преземат работата во свои раце,“ изјави Лефвен на инаугурацијата во парламентот.

Тој додаде дека новата шведска влада е „феминистичка“.

„Половина од кабинетите ги сочинуваат жени, меѓу кои се министерката за финансии Магдалена Андерсон и шефицата на дипломатика Маргот Валстрем која е поранешен Еврокомесар во ЕУ,“ додаде тој.

Премиерот ги повтори неговите цели, а тоа се отворање на нови работни места, вработување на голем број наставници  и зголемување на задолжителното образование од 16 на 18 години.

„Шведска е во тешка сотуација. Невработеноста достигна високо ниво, има пад на резултатите во школите, а системот на социјална помош има проблеми, “ истакна Лефвен.