Свет

Премиерот на Тунис поднесе оставка

Премиерот на Тунис поднесе оставка

Премиерот на Тунис, Али Ларајед, денеска ја поднесува својата оставка до претседателот на земјата и ќе ја пренесе власта на техничката влада, соопштуваат од канцеларијата на премиерот.

Исламистичкиот премиер ќе ја пренесе власта на техничката влада според договорот со опозицијта, со цел земјата да се врати на патот на транзиција кон демократијата.

Три години по бунтот против автократскиот лидер Зин ел Абидин бен Али, Тунис се наоѓа во последната етапа кон воспоставување на целосна демократија.

Туниските владејачки исламистички и опозициски партии на крајот на декември постигнаа договор преносот на власта на техничката влада да биде до 14-ти јануари, кога се одбележува тригодишнина од револуцијата и симнувањето од власт на Бен Али.