Премиерот на Украина си поднесе оставка

Премиерот на Украина, Микола Азаров си поднесе оставка од функцијата, објави украинскиот весник „Цензор“ повикувајќи се на информации од прес службата на Владата.

„Конфликтната ситуацијата во земјата е закана за економскиот и социјален развој на Украина и носи закана за севкупното украинско општество и секој граѓанин“, се вели во ијзавата на Азаров.