Премиерот најави крупна инвестиција во охридско – струшкиот регион

Премиерот Никола Груевски на денешната собрниска седница најави нова германска инвестиција во охридско – струшкиот регион.

Името на фирмата не сакаше да го открие, сметајќи дека компанијата прва треба да ја објави одлуката да инвестира во земјава. Се работи за компанија за автомобилски делови, која ќе донесе нови вработувања.

-Инвестицијата е сигурна. Во наредните две недели ќе се донесе одлуката каде точно ќе се гради новата фабрика, односно дали ќе биде во просториите на ЕМО или во технолошко-индустриската зона во овој регион. Одлуката ќе биде донесена по калкулација на трошоците, посочи Груевски.

И други компании се заинтересирани да инвестираат во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.