Премиерот најави нова инвестиција во Кичево, можност за 1.000 нови работни места

Компанија за производство на воздушни перничиња планира да отвори своја фабрика во Македонија, најавувајќи околу 1.000 нови работни места, најави денеска премиерот Никола Груевски, на гостувањето во Дневникот на ТВ „Сител“.

„Станува збор за компанија, за која што не смеам се’ уште да го откријам името, која ќе инвестира во Кичево…за производство на воздушни перничиња“, рече премиерот, кој најави дека оваа година се очекуваат 20 странски компании да започнат со процесот на инвестирање во нашата земја.

Груевски зборуваше за најавената инвестиција во Велес на компанијата „Макарт“, која што ќе отвори од 600 до 700 работни места, како и инвестицијата на компанијата „Амфенол“ која е сместена во Кочани, а која што најавува околу 2.000 вработувања.

„Тука е и украинската инвестиција која купи три концесии за рудници. Од нив првите две почнуваат веднаш со работа“, рече Груевски, кој нагласи дека во таа инвестиција влегуваат и две фабрики за производство на жици и други производи од бакар, а преку истата ќе се овозможи вработување на 400 до 500 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.