Премиерот Никола Груевски вечер гостува во „Опуштено“

Македонскиот премиер, Никола Груевски вечерва ќе биде дел од  „Опуштено“.

Тој заедно со македонската поп-пејачка Каролина Гочева се гости на Тони Михајловски и Део. Љубовта кон боксот уште еднаш беше потенцирана.

Премиерот Груевски го научи најмладиот домаќин на „Опуштено“  неколку правила во омилениот спорт – боксот.

Премиерот во едно „опуштено“ издание, вечерва ќе зборува за теми од секојдневието, а политиката за момент ќе биде оставена на страна.