Премиерот промовираше лаборатории и пушти во употреба спортска сала и игралиште

Премиерот Никола Груевски, денеска оствари посета на општините Кичево и Пласница и имаше богата работна агенда. Тој присуствуваше на пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште во О.У. Кузман Јосифовски Питу во Кичево.

Груевски оствари и посета на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски и промоција на лабораторија за органска и неорганска хемија и биохемија, микробиолошка лабораторија, лабораторија за анализа на храна.

Исто така, тој присуство на пуштање во употреба на спортска сала во Пласница.

g

g2

g3

g4

g5

g6