Премиерот се сретна со македонските иселеници од Измир

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски престојува во неколкудневна посета на Република Турција.

Во рамки на посетата во Измит, Груевски се сретна со иселеници од Македонија кои живеат во тој регион.

На средбата со македонските иселеници беше разговарано за бизнис климата во Македонија и можностите за инвестирање.