Премиерот Заев разговараше со американскиот потпретседател Пенс

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во понеделникот ноќта теелфонски разговарал телефонски разговор со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, при што добил поддршка од САД „за реформската Влада“ и „поздрав за граѓаните на Македонија од претседателот Доналд Трамп, информираше во вторникот Сектор за односи со јавноста
Влада на Република Македони

„Американскиот потпретседател ги поздрави процесите што ги започна новата Влада за демократија, слобода и правда во Република Македонија. Потпретседателот Пенс ги оцени чекорите на новата Влада на полето на добрососедските односи како меѓународни успеси. Потпретседателот Пенс изрази поддршка на ’Планот 3 – 6 – 9’ што го усвои Владата за реализација на итните реформски приоритети. Исто така американскиот потпретседател пренесе поздрави до премиерот Заев, новата Влада и граѓаните на Македонија од претседателот на САД, Доналд Трамп и од американската администрација“, се истакнува во соопштението.

Премиерот Заев изразил благодарност за „големата пријателска поддршка“ што ја има Република Македонија од САД во сите важни процеси за државата, како и во остварувањето на стратешките цели, интеграција во НАТО и во ЕУ.

„Цврсто сме определени кон демократските вредности. На тој пат, силно сме инспирирани од САД, како вистински пример за држава којашто се темели на базичните демократски придобивки, слобода, демократија и правда”, рекол Заев.

Претседателот на Владата констатирал дека членството на Црна Гора во НАТО е охрабрување за целиот регион и дека Република Македонија со силната посветеност кон реализацијата на потребните реформи, се надева дека ќе биде следната земја членка на Алијансата.

„Разговорот меѓу претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и потпретседателот на САД, Мајк Пенс, се одвиваше во искрена и пријателска атмосфера. И американскиот потпретседател Пенс и премиерот Заев изразија позитивни очекувања од претстојната средба што треба да се случи на почеткот на август во Подгорица“, се додава во соопштенеито.