Премиерот Заев во Владата ќе го соопшти предлог-буџетот

Премиерот Зоран Заев, денеска, во Владата ќе го соопшти предлог-буџетот за 2018 година, јави „Макфакс“.

Потоа предлог-буџетот ќе биде испратен во собраниска процедура. Инаку, предлог-буџетот за 2018 година ќе изнесува 3,4 милијарди евра, со буџетски дефицит од 2,7 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), што е помал во однос на оваа година кој изнесуваше 2,9 отсто.

Најголеми реакции во јавноста и кај стручната фела предизвика планираното зголемување на акцизата за нафтата за три денари. Министерот Драган Тевдовски го бранеше ваквото решение тврдејќи дека зголемувањето на акцизата нема да ја зголеми инфлацијата.