Премногу е рано да говорам за кандидатура во 2018-тата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека е „апсолутно прерано“ за сега да говори дали ќе се кандидира за нов мандат во 2018-тата година.

Ројтерс пренесува дека Путин тоа го изјавил во интервју за агенцијата Блумберг, каде одговарал на прашањето дали идниот руски претседател би можел да ја претставува помладата генерација политичари.

Да, секако. Верувам дека идниот лидер мора да биде релативно млад, но зрел, рече Путин.