Пренасочување на сообраќајот кај Кадрифаково

Пренасочувањето ќе се врши од 14 часот поради изведување градежни работи на магистралниот пат А4 делница Свети Николе – Штип.

Поради асфалтирање во прекин во двата правци од 13 до 17 часот е и сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар на делот од Бошков мост до Мелнички мост. Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, овој патен правец ќе биде затворен до утре.

На останатите патишта низ државата соображајот се одвива по суви коловози.

Надвор од градските средини сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.