Пренасочување на сообраќајот на улица Маџари в сабота

Пренасочување на сообраќајот на улица Маџари в сабота
Пренасочување на сообраќајот на улица Маџари в сабота

Поради реконструкција и проширување на улица Маџари,  и тоа од крстосницата со улица Јужноморавски бригади и улица Антон Попов (старо Методија Андонов Ченто) до крстосницата со улицаФинска, oд сабота (15.08.2015),  ќе бидат пренасочени автобусите на ЈСП.

Автобусите кои ја опслужуваат автобуската линија бр.„65В“, наместо по својата траса  улица Маџари продолжуваат по улица Антон Попов се пренасочуваат по улица Финска и продолжува по својата траса.

Автобусите на автобуската линија бр.„23 се движат по улица Маџари,се пренасочуваат по улица  Финска и продолжуваат по улицаАнтон Попов по својата траса.

Истите траси ќе се користат и во обратна насока. При измена на трасите ќе се користат постоечките автобуски стојалишта

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Започна реконструкцијата на улицата Кемал Сејфула

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Бутел, Петре Латиновски, денес го означија почетокот на градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата Кемал Сејфула во Чаир, на потегот од крстосницата со улицата Ферид Бајрам и Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Босна и Херцеговина.

Станува збор за реконструкција на коловозот на дел од улицата Кемал Сејфула на потег со вкупна должина од 375 метри. Оваа реконструкција претставува продолжување на проектот за реконструкција на улицата Кемал Сејфула што Градот Скопје го реализираше во 2010 година, кога беше реконструирана улицата Кемал Сејфула на потегот од крстосницата со булеварот Џон Кенеди до крстосницата со улиците Втора македонска бригада и Ферид Бајрам. Сега, во текот на градежните работи на оваа делница од улицата Кемал Сејфула ќе се отстрани постојниот оштетен асфалт, ќе се нивелираат 22 шахти и сливници, ќе се заменат оштетените рабници, каде што ќе се јави потреба ќе се засили и носечкиот слој, а потоа на коловозот ќе се нанесе нов асфалтен слој и ќе се обележи хоризонталната сигнализација. Реконструкцијата на оваа делница треба да заврши за еден месец, но ќе се направат напори истата да биде готова пред почетокот на училиштната година, кажа градоначалникот Трајановски.

Реконструкцијата на оваа улица во голема мера ќе придонесе да се зголеми безбедноста во одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот.

Градежните работи за реконструкција на оваа делница од улицата Кемал Сејфула ќе ги изведуваат екипите на градежната компанија „ЈУ БАЈ“.

Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 4,5 милиони денари.

 

Прочитајте повеќе:

Улицата Јордан Мијалков, проширена и реконструирана