вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 6

Пренџов: Побаравме од Уставниот суд да укаже на нелогичноста во законите за локална самоуправа

ljupcho-prendzov

Поврзани вести

До кога трае мандатот на градоначалниците? Што стои во законот и што е она што претходи на различните толкувања во јавноста? На оваа тема во „Отворено студио“ на ТВ НОВА зборуваше Љупчо Пренџов, заменик министер за локална самоуправа.

„Како министерство за локална самоуправа ја следевме будно ситуацијата по предвремените парламентарни избори. Од 1-ви февруари размислувавме и се обидувавме да го решиме можниот проблем што можеше да настане првично со неформирање на владата. Разговаравме во рамки на министерството и одлучивме да поведеме постапка со цел да им објасниме на градоначалниците дека согласно изборниот законик тие ќе можат полноправно да ги извршуваат своите задачи, функции и надлежности во своите општини до 15-ти мај, бидејќи во изборниот законик пишува дека нови локални избори би се одржале во првата половина на месец мај. Сметавме дека дотогаш политичката криза веројатно ќе се реши, меѓутоа кога и да помислиме дека сме го постигнале дното на безизлезна ситуација, дното е уште подлабоко“, рече Пренџов.

Во обид да ги забрзаат процесите за избор на нови градоначалници, Пренџов вели дека од Министерството се одлучиле за иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија.

„ Покренавме иницијатива да се продолжи мандатот на градоначалниците до избор на нови градоначалници бидејќи дел од овој проблем го загатнува и членот 52 став 2 од законот за локална самоуправа кој вели дека новиот градоначалник стапува на сила најдоцна 7 дена по изборите. Со оглед на тоа што избори немало, од една страна логично е градоначалникот да продолжи да работи до одржувањето на нови избори. Од друга страна, други закони кажуваат дека мандатот на градоначалниците трае 4 години, па се обидовме од Уставен суд да извлечеме повеќе во интерес на локалната самоуправа. Сметавме дека Уставниот суд ќе ја укаже нелогичноста во законите, но тоа не се случи“, вели Пренџов.

Заменик министерот потсети дека локалната самоуправа е власт којашто е најбликса за граѓаните и апелираше високата државна политика да не се крои врз грбот на локалната самоуправа.

Најчитани вести