Препаратите и маслото од канабис набрзо ќе бидат достапни во аптеките

Препаратите на база на канабис за медицински цели завземаат се поголем завам, односно се поголема е употребата за различни индикации. Доколку со одредени клинички студии се докажат позитивните ефекти на препаратите на база на канабис за индикациите како кронова болест, глауком и така натаму, во тој случај секако дека на пациентите и тоа ќе им биде овозможено, истакна директорката на Агенцијата за лекови Марија Дарковска Серафимовска, за Дневникот на Канал 5.

Дарковска Серафимовска истакна дека се очекува цената на препаратите да биде пониска од онаа која што во мометов граѓаните ја набувуваат на црно.

Подвлече и дека правните лица веќе се интересираат за производство на канабис, но и за увоз на готови препарати.

Има голем интерес, има повеќе правни лица кои веќе се обратиле и прашуваат, доаѓаат, се консултираат, има интерес како за увоз на готови препарати, така и за одгледување на конопот.

Се очекува препаратите и маслото од канабис набрзо да бидат достапни во аптеките за пациентите.

Измените во Законот поминаа, од 5 март веќе се стапени на сила, подзаконските акти се изготвени, тие се во процес на усогласување, така што, веднаш по нивното објавување во Службен весник сите заинтересирани правни лица ќе може да пристапат и да побараат дозвола или за увоз или за одгледување на конопот, додава директорката на Агенцијата за лекови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.